Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

5 главни пролетни модели на jeans

Различни бои, форми… Фармерките од сезона во сезона остануваат главни модели.

6

 

Кој може да не ги сака?

Дефинитивно секоја жена ги има во својот гардеробер и секогаш ни се првиот избор кога не знаеме што да облечеме, било да одиме на прошетка или на коктел забава.

Безвременска облека, која никогаш не излегува од мода, а и оваа пролет ни доаѓа во неколку главни варијанти. Доволно е само да земете поатрактивни патики, мантил и вие веќе ќе бидете во тренд.

Ви ги претставуваме 5-те главни пролетни модели кои можете да ги носите на секоја пригода.

 

Boyfriend

4

 

По можност, моделот да биде мек и поширок. Најважно е обемот да ви одговара, односно убаво да ви „легне“ на половината. Носете ги со широки блузи и пократки маички. За обувките, ве советуваме да изберете повисоки патики. Овој минималистички изглед е во тренд.

 

Super skinny

5

 

Овој модел е уште еден кој мора да се има оваа сезона, модел кој никогаш не излегува од мода. Совршено парче облека кое може да се комбинира со свилена кошула и високи потпетици за дневна/работна варијанта или полудлабоки чизми и јакна за вечерните излегувања.

 

Класичен модел

1

 

Некои овој модел го нарекуваат „мама модел“, но дефинитивно кога говориме за него мислиме на класични фармерки со рамен крој и повисок струк, кој ја прати линијата на телото. Во тренд се моделите со украси или додадени разнобојни материјали.

 

„Искинатифармерки

3

 

Суптилно искинати, со кратки реси на рабовите од фармерките…идеална комбинација со старки!

 

Во форма на ѕвонарки

2

 

Уште еден модел кој се врати на модната писта – фармерките ѕвонарки. Совршен модел кој ги издолжува вашите нозе. За сите оние кои имаат облини.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement