Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

5 златни совети на Ана Винтур: Една модна грешка никогаш не се простува, а многу жени често ја прават…

Уредничката на магазинот „Vogue“, Ана Винтур, ја објасни суштината на модерната облека заедно со неколку корисни совети.

За многу жени ширум светот, Ана Винтур е неприкосновена кралица на стилот. На почетокот на секоја нова сезона сите погледи се вперени во неа и нејзините совети кои се драгоцени за вистинските вљубеници во модата.Во повеќе прилики таа зборуваше за тоа што значи да се биде тренди. Доколку сакате да бидете модерни, облечени како жени од модните писти, запомнете ги овие 5 модни совети.

Купувајте безвременски парчиња и носете ги често

Според Ана Винтур, наместо плакар полн со тренди облека, подобро е да имате неколку висококвалитетни парчиња облека, добро скроени и изработени од фини материјали. Тие се поскапи, но ќе се исплатат повеќе на долг рок бидејќи ќе траат подолго.

Многу жени имаат плакари полни со дупки, но всушност немаат што да облечат. Токму тоа Ана никогаш не го простува.

Повеќе ризик, помалку „безбедни“ комбинации

Основните правила за добро облекување се познати на сите, но понекогаш треба малку да ризикувате при изборот на облека. Модата е прво и основно игра. Можете да ја сфатите сериозно, но сепак треба да се забавувате, па заборавете на некои застарени правила за комбинирање на дезени, материјали, бои и текстури.

Порано носењето повеќе од еден дезен по комбинација беше незамисливо, волнениот или твид костим не се носеше со кожени јакни, а само монохроматски чевли беа комбинирани со шарени парчиња облека. Секако, слободно отфрлете ги сите тие правила и препуштете се на имагинативните модни игри кои можат да резултираат со фантастични изданија.

„Рециклирај“ облека

Многу познати дами никогаш нема да носат иста облека двапати. Ана го отфрла тоа правило и се залага за „рециклирање“ на облеката, особено кога се во прашање безвременските парчиња. Зошто би чувале одлични панталони, фустани, здолништа во плакарот и би ги носеле само повремено? Носете ги кога сакате, одвреме-навреме додавајте некои нови детали и уживајте во облеката во која најдобро се чувствувате.

Изградете свој стил – бидете уникатни

Само затоа што моментално се носат преголеми парчиња кои вие лично не ви се допаѓаат, не значи дека треба да исфрлите потесна облека од вашиот плакар и задолжително да посегнете по широките. Слободно игнорирајте ја облеката во која не се чувствувате добро и која не ви стои и одберете ја онаа која и ласка на вашата фигура и испраќа порака за вашата личност.

Иако има пристап до сите чевли на најголемите и најценетите модни куќи, Ана повеќе од 20 години го носи истиот модел на Manolo Blahnik по нарачка. Без разлика на трендовите, таа е верна на еден пар чевли.

Носете колоритна гардероба

Ана Винтур е голем поборник за колоритна мода. Темните и монохроматски парчиња мора да се надополнат со луксузни колоритни детали, а во едно издание ќе спојат неколку различни бои кои воопшто не мора да бидат комплементарни.

Најголемиот моден грев што Ана никому не го простува е целосно црната комбинација. Во едно видео интервју за Vogue, таа еднаш изјави дека никогаш нема да носи црно од глава до пети.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement