Американскиот бренд Coach претстави божиќна рекламна кампања.
Новата кампања „Holiday Is Where You Find It“, се фокусира на чантата Beat Shoulder, инспирирана од ритамот на деловниот центар во Њујорк, како и новиот ранец Hitch.
Главната хероина на кампањата е глобалната амбасадорка на брендот, Џенифер Лопез. На сликите и во рекламата, Лопез позира со нејзината мајка Гваделупе Родригез и децата близнаци Ема и Мајк.
Рекламната кампања, создадена за време на уникатните настани во 2020 година, ја нагласува вербата на брендот Coach во позитивни работи, потрагата по радост во малите нешта, желбата за удобност и семејните традиции.
.jpg)
„Holiday Is Where You Find It“ е претставен како серијал слики во кои главните ликови ги слават старите и новите традиции. Тој ја нагласува идејата дека одморот е состојба на умот, без оглед како ќе го поминете оваа година. Џенифер Лопез не е единствената славна личност што ја претстави новата колекција на брендот. Во снимањето учествуваа и други семејни амбасадори на брендот Coach, вклучувајќи ги Мајкл Б. Џордан и неговото семејство, како и Кико Мизухара, Џереми Лин, Камил Мароне и други.
.jpg)
Coach исто така претстави краток филм на винтиџ тема, кој покажува како Џенифер Лопез планира да го помине претстојниот одмор дома со своето семејство.
.jpg)
