Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

3 легендарни парчиња накит од вашите омилени филмови

За милиони девојки ширум светот, филмските хероини отсекогаш биле мерка за сè што е поврзано со модата и убавината.

Големиот кино-екран претвора сè во сон и бајка – иако зад него всушност стојат многу прозаични човечки приказни. Покрај тоа, жените во филмовите често носат најневеројатен накит што ја окупира нашата фантазија – во реалниот живот можете да го видите само на членови на кралски семејства.

Одвоивме 5 најсјајни и најпознати парчиња накит од филмовите, за кои, можеби, сонува секоја девојка. Откријте ги во галеријата.

ЃЕРДАНОТ LORELEI LEE ОД ФИЛМОТ „GENTLEMEN PREFER BLONDES“

Секое појавување на Мерилин Монро на екранот е вистински настан. Но, нејзиниот најпознат филм е веројатно „Gentlemen Prefer Blondes“. Публиката особено се сеќава на сцената во која легендарната актерка пее и танцува во розов фустан со лак – таа дури била копирана од Мадона во нејзиното видео „Material girl“. Сепак, стајлингот на актерката би бил нецелосен без луксузен дијамантски ѓердан. Девојките ширум светот сè уште сонуваат за тоа.

ПРИВРЗОК “HEART OF THE OCEAN”, TITANIC

Да, истиот „Heart of the Ocean“, кој ќе биде фрлен во бездната на крајот од филмот Огромен сафир во облик на срце, врамен со дијаманти околу вратот на Кејт Винслет, стана легендарен. Можете да купите точна копија во понудата на брендот Vetements – ироничната марка точно го повтори дизајнот на познатиот накит.

ЃЕРДАН И ТИЈАРА HOLLY GOLIGHTLY ВО ФИЛМОТ “BREAKFAST AT TIFFANY’S”

Одри Хепберн е легендарна фигура во светот на кинематографијата. Нејзиниот лик Holly Golightly сонува за луксузен живот и накит Tiffany & Co. А девојките ширум светот сè уште сонуваат за тијарата и ѓерданот што ги носи во филмот. Во комбинација со мала црна тоалета на Givenchy, тие создадоа иконски изглед кој сè уште го копираат многу девојки ширум светот.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement