Ако не сте љубители на кафеавата боја, многу е веројатно дека ќе промените мислење по овие аутфит зданија на славните личности.
Можеби звучи како клише, но есенските трендови го потврдуваат тоа – парчиња облека, па дури и цели стајлинзи во кафеави нијанси се апсолутно задолжително за оваа сезона. Отпрвин, кафеавата боја изгледа монотона и здодевна, но ако го наведеме целиот спектар на тонови, од млечно кафеава до темно чоколадни нијанси, бојата на капучино, земјата и паднатите лисја, најверојатно полека се премислувате.
Холивудските sвезди се исто така свесни за претстојниот тренд и веќе демонстрираат совршени стајлинзи со комбинирање на сите нијанси на кафеава боја. Многу од нив се појавија во јавноста неколку пати по ред во разни кафени комбинации, нагласувајќи ја моќта на оваа боја.
Така, имавме можност да ја видиме Џенифер Лопез на премиерата на филмот „The last duel”“ во кафеав комплет Ерве Легер, која се состоеше од кроп топ и здолниште со длабок шлиц. За второто појавување, таа избра кожено кафеаво палто и здолниште Гучи, кои ги совпадна со слична кафеава нијанса на чизми Балмејн, додека целиот стајлинг го заокружи со чанта со малку потемна кафеава нијанса и очила за сонце во иста боја. Сепак, тука направила мал преседан, носејќи црна блуза под кафеав мантил.
Не помалку спектакуларни беа и другите познати дами како Ирина Шајк, Ана де Армас или Џесика Алба, кои придонесоа нивниот изглед да направи кафеавата боја да изгледа ефикасно, софистицирано и актуелно.

JENNIFER LOPEZ 
JESSICA ALBA

IRINA SHAYK 
ANNA DE ARMAS

KATE HUDSON 
EMILY RATAJKOWSKI

JESSICA ALBA 
ROSIE HUNTINGTON-WHITELEY

JENNIFER LOPEZ 
JESSICA ALBA
