Здолништето е едно од парчињата облека што си го наоѓа своето место во секоја гардероба, без оглед на сезоната.
Покрај топлите џемпери, палта и чизми, своето место во зимската гардероба го најдоа и здолништата на кои тешко можете да им одолеете и се идеални за создавање интересни зимски стајлинзи.
Оваа зима топлите плетени здолништа, еко-кожени модели, миди здолништа и здолништа со набори, во комбинација со топли џемпери, се истакнаа како најпопуларни модели.
H&M нуди модели кои ќе ве воодушеват. Ја разгледавме тековната колекција и избравме десет особено трендовски модели за вас, кои сме сигурни дека веднаш ќе сакате да ги носите.










