Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џулија Робертс во комбинација која се повеќе жени ја избираат за свечени пригоди

Од сезона во сезона, без разлика колку нови трендови се појавуваат, една опција секогаш изгледа одлично во различни прилики – добар костум.

Костумите можеби не се револуционерен тренд, но секогаш се интересен и совршен начин да се оддалечите од фустаните.

Ги сакаат и познатите дами кои се почесто ги избираат за да одат на црвениот тепих, а меѓу најголемите обожаватели е актерката Џулија Робертс, која секако се согласува со изјавата дека костумот е и безвременско и тренди парче.

Меѓу другото, таа пристигна во костум за да гостува во „The Late Show with Stephen Colbert“. Таа се одлучи за светло жолта јакна со кошула во иста боја одоздола, а имаше светло жолти широки панталони, до глуждовите.

Жолтата комбинација ја разби со лакирани црни чевли на високи потпетици.

Инаку, освен што жолтата е секогаш многу популарна во пролетните месеци, модните експерти не ја вклучија нејзината посветла варијанта во листата од седум бои кои ќе доминираат во пролетните и летните комбинации.Станува збор за нијанса која дури и минималистите кои не сакаат премногу да се истакнуваат ќе ги натера да посегнат по жолтите парчиња облека, а меѓу популарните избори секако ќе се најдат костимите кои се совршен избор за повеќе свечени пригоди во кои изобилуваат месеците што следат.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement