Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џулија Робертс воодушевува со промената на имиџот! Препознатливите локни ги освежи со фризура која би можела да биде голем хит оваа пролет…

Познатата американска актерка Џулија Робертс, која публиката со децении ја памети и ја обожава по нејзината магична насмевка, со години е верна на истата фризура, која понекогаш ја менуваше исклучиво за потребите на улогите. Ѕвездата на филмот „Pretty Woman“ деновиве реши да го промени имиџот, а се чини дека не остана имуна на еден од водечките трендови во светот на косата – шишките.Одлично и прилегаат на згодната актерка, нејзиниот нов изглед предизвика наплив од ентузијазам…

Џулија Робертс, познатата американска актерка која во далечната 1990 година ги освои срцата на своите обожаватели со улогата во филмот „Pretty Woman“, како амбасадорка на луксузниот бренд Chopard, пристигна во Швајцарија каде беше претставена новата кампања на брендот.

Згодната Џулија и на 56-годишна воодушевува со природниот изглед, опуштеноста и заразната насмевка, а се пофали и со новата пролетна фризура.

Луксузниот бренд познат по производството на скапи часовници и накит претстави нова кампања во Женева со цел да се промовира еко-одржливото производство, а амбасадорката Џулија Робертс блесна во нежно розов костим кој одлично и прилегаше.

Актерската дива на оваа промоција покажа и нов имиџ.Тоа се таканаречените bottleneck шишки,а тоа е да ни овозможат да ја прилагодиме нивната точна форма и должина на обликот на нашето лице и изгледот што сакаме да го постигнеме.

Во случај на bottleneck  шишки ,тоа е поубав и поразигран изглед од оној што само го врамува лицето со своите подолги прамени. Освен ова, разлика има и во одржувањето затоа што овој тип на фризура бара малку повеќе грижа.

Предноста на bottleneck шишките е што одговараат на секој тип на лице бидејќи се прилагодуваат на секое лице посебно. Ако имате мало чело, шишките треба да почнуваат малку поназад од некој со големо чело за да создаде илузија на поголемо чело и пополни шишки.

Оние со долгнавесто лице ќе изгледаат подобро ако во фризурата доминираат тенки, подолги прамени кои се пуштени од страните надолу по лицето за да создадат природни контури, додека оние со триаголен или овален облик на лице треба да побараат дополнителни прамени над веѓите визуелно да додадете ширина на лицето.

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom