Вчера во Милано заврши модната недела есен/зима 2022/23.
И покрај тоа што целиот свет е шокиран од ситуацијата што се случува во Украина, сите модни ревии поминаа според планот. Иако многу корисници на социјалните мрежи ги повикаа дизајнерите да ги одложат модните ревии за подобри времиња, Џорџо Армани не ја откажа својата ревија, туку реши на друг начин да покаже поддршка за народот на Украина.
87-годишниот моден дизајнер одржа модна ревија без музика „во знак на почит за трагедијата што се случува во Украина“. Манекенките чекореа по пистата во апсолутна тишина, додека креациите одвреме-навреме беа наградувани со овации од публиката.
„Господинот Армани одлучи да не користи музика на ревијата есен/зима 2022/23 во чест на трагедијата што се случува во Украина“, напишано е на Инстаграм профилот на модниот бренд.
Во продолжение погледнете како изгледаше шоуто во морничава тишина:
