Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џорџина Родригез се пофали со својата линија во провокативно издание и не можеше да им одолее на чевлите скапата чанта…

Иако се породи пред само три месеци, Џорџина Родригез може да се пофали со одлична фигура на која многу жени би можеле да и позавидат. Вереницата на Кристијано Роналдо ги фрли во транс своите обожаватели објавувајќи фотографија на која позира во провокативен тесен фустан, а со скапите модни додатоци покажа дека не е имуна ниту на жешките трендови…

Свршеницата на фудбалската ѕвезда Кристијано Роналдо, 28-годишната Џорџина Родригез, предизвика вистинска врева на социјалните мрежи благодарение на фотографијата која во преден план ја става нејзината манекенска фигура, на која, се чини, не влијаела нејзината неодамнешна бременост.

Атрактивната бринета позираше во дворот на својот луксузен дом во кој живее заедно со фудбалерот и нивните пет деца, облечена во тесен црно-бел фустан кој ги истакна нејзините витки нозе и трениран задник.

Иако во април го роди девојчето Бела Есмералда, по компликациите при породувањето при што го загуби второто бебе, синот близнак, се чини дека бременоста не влијаела на нејзината линија.

Hermes 660 долари
Убавата Аргентинка го зачини својот стајлинг со скапи модни додатоци. А дека е слаба на дизајнерски брендови, таа откри во својата документарна серија на Нетфликс.

Така таа го издигна својот „изглед“ со ефективни зелени мокасини потпишани од реномираната француска компанија Hermes.

Станува збор за безвременскиот модел ‘Hermès Oran’ кој веќе неколку години е предмет на желба на љубителите на модата, а единствен недостаток му е високата цена која се движи од 500 до 700 долари.

Balenciaga Le Cagole, 2.950 долари

Покрај мокасините, згодната манекенка покажа уште едно тренди парче – чантата „Le Cagole“ со потпис на шпанскиот моден гигант Balenciaga.Овој модел и покрај високата цена од речиси 3 илјади долари има многу обожаватели меѓу кои Ким Кардашијан, Дуа Липа и Џулија Фокс.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement