Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џиџи Хадид ја покажа ултимативната street style комбинација со комбинирање на класични парчиња, а со модните додатоци откри дека не е имуна на жешките трендови…

Манекенката Џиџи Хадид редовно привлекува внимание со своите лежерни стајлинзи на улиците во Њујорк, што беше случај и овој пат. Постарата сестра на Бела Хадид ја пронајде ултимативната street style комбинација во која главни ѕвезди се тренди мокасини, но и безвременски модел на фармерки…

Американската ‘it’ девојка, 27-годишната манекенка Џиџи Хадид не ги пропушти дежурните папараци во уште едно издание вредно за копирање, со кое во исто време докажа колку лесно ги носи некои од најпосакуваните парчиња на модната сцена.

Деновиве славната русокоса не престанува да воодушевува со своите педантно обмислени стајлинзи низ улиците на Њујорк, а со последниот од серијата успешно ги спои некои од најпосакуваните парчиња сезонава.

Изданието со тренди знак се вртеше околу фармерките со шлиц и широки ногавици, кои пристигнуваат со потписот на брендот RE/DONE. Со нив искомбинирала предимензионирана кошула во бебешка сина нијанса која ја откопчала на дното за да ги открие нејзините извајани стомачни.

Своето познавање на модните трендови го покажа и со избирање обувки – затоа, ова издание го комплетираше со модел на тренди бели мокасини со потпис на брендот M.GEMI.

Непогрешливата street style комбинација ја зачини со мини чанта со потпис на луксузниот бренд Loro Piana, која на овој стајлинг му даде белег на гламур, а која згодната манекенка ја носи во последно време.

Со разигран шарен накит и минијатурни очила за сонце, американската убавица на овој стајлинг додаде шмек на ретро вибрација и потврди дека со леснотија комбинира различни стилови.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement