Мислиме дека знаеме кој ќе биде кума на бебето.
Џиџи Хадид сподели нова фотографија од нејзината ќерка, која е родена пред една недела и покажа сладок подарок кој и го испрати нејзината блиска пријателка Тејлор Свифт. На фотографијата, новороденче (нејзините родители го чуваат нејзиното име во тајност) во мало боди од „тетката“ Донатела Версаче се држи за розово ќебе, што и го направи популарната пејачка Тејлор Свифт.
Свифт испрати сличен подарок на Кети Пери и нејзиниот свршеник Орландо Блум кога неодамна се роди нивната ќерка Дејзи Дејв Блум.
Хадид и Зејн Малик заедно го објавија раѓањето на нивното прво дете во средата, објавувајќи фотографии на социјалните мрежи. „Нашето бебе е тука, здраво и убаво“, ја потпишаа младата мама и тато фотографијата.
