Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џил Бајден: „ризичен“ фустан што првите дами сè уште можат да си го дозволат

Џил Бајден ја заврши својата прва самостојна службена должност како прва дама.

Таа ја посетила болницата „Whitman-Walker Health“ во Вашингтон каде што разговарала со вработените, меѓу другото и за важноста за психолошката помош и поддршка на пациентите кои што се заболени од канцер.

Инаку, таа по професија е професорка, а како прва дама како што се очекува ќе работи во подрачјето на образованието и повторно ќе ги покрене Обединетите сили.

Освен работата, очигледно дека многу ќе се следи и нејзиниот моден стил. Веќе во своите први самостојни појавувања во јавноста како прва дама таа привлекла внимание со изборот на своите модни парчиња.

Џил овојпат одлучила да носи едноставен, бел фустан со набори во долниот дел и на ракавите кои што се со должина до лактите, а фустанот го искомбинирала со светло-кафеави чизми со потпетица од превртена кожа.

На својот стајлинг првата дама на САД додала и долг, слоевит ѓердан од бисери и тенко златно ланче со приврзок „MAMA“ и уште малку дециден накит во комбинација на злато и бисери.

Белиот фустан кој што го носи Џил можеби малку е ризичен избор затоа што станува збор за чувствителна боја која што може премногу да ја нагласи силуетата на телото, но американската прва дама сепак внимавала сето тоа да биде во границите на вкусот и примерно за нејзината позиција и должност.

Прочитај

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Сега предвидуваме дека ова ќе биде една од најпопуларните есенски фризури. “Shadow” е нов тренд во бојадисувањето на косата што комбинира руса и кафена...

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Advertisement