Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џесика Алба: „Несоодветно“ здолниште за одлична зимска комбинација

Како што обично се случува во пресрет на празниците, во последен момент, ќе забележиме дека ни недостасуваат некои мали нешта или тотално заборавивме да купиме нешто важно и потоа брзаме кон продавницата. Џесика Алба, исто така, отишла на шопинг пред празниците, кон стоковната куќа.

Во исто време, таа уште еднаш покажа зошто е „инспирација“ за лежерни дневни комбинации многу години.

Кралицата на удобниот стил на живеење овој пат е облечена од глава до пети во кафеава боја. Обичниот волнен џемпер го комбинирала со поширок крој со сатенско здолниште и робусни чизми до глужд. Дури, доста добро, се вклопиле и темно-кафеавите чорапи, што онака љубоморно излегувале од чизмите.

И додека нејзините џемпери и чизми до глужд се класично зимско парче облека, светлото сатенско слип здолниште во никој случај не спаѓа во таа група. Таа во последната година вистински „must have“ за летните модни изданија, а за многумина е несоодветен за зимските денови затоа што е премногу тенок за да се носи на пониски температури.

Сепак, Џесика живее во Лос Анџелес, каде што зимите се многу благи, па лесно може да си дозволи да носи летни парчиња во зимски комбинации.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement