Актерка Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен се дружеа со пријателите на вечера во ресторан во Беверли Хилс.

За оваа прилика, насмеаната актерка избра комбинација идеална за пролетни дружења, составена од многу омилени женски парчиња облека кои со задоволство ги комбинираат и дамите на нашите улици.Ова се класици кои никогаш не излегуваат од мода, што ги прави пожелен дел од секоја гардероба.
Под беж јакната се гледаше лелеава бела маичка, а долниот дел од комбинацијата на актерката беше еден од најпопуларните модели на панталони. Имено, таа носеше црни панталони со широки ногавици, кои и покрај бојата не го губат местото во комбинациите на облека ниту со доаѓањето на потоплите денови.

Кога станува збор за обувките, актерката се одлучи за беж сандали со две подебели прерамки и удобна блок-пета, која ја избираат дури и жените кои не сакаат високи потпетици.
Во раката носеше црна чанта, а едноставниот златен накит беше последниот детаљ од комбинацијата.

