Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џенифер Лоренс скокна во култните трегери и покажа дека ова смело парче може да се носи речиси со се, дури и со едноделен костим за капење…

Холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс е позната како вљубеник во облеката која ги спојува женственоста и функционалноста, а со таквата комбинација неодамна се пофали додека се шеташе со својот сопруг Кук Марони. Згодниот оскаровец скокна во култните трегери кои станаа ново-стар хит оваа сезона, но во центарот на вниманието беа и шик аксесоарите со познати потписи…

По долго време, наградуваната актерка Џенифер Лоренс беше видена како се шета во Њујорк во друштво на нејзиниот сопруг и галерист Кук Марони, а како и обично посебно внимание привлече нејзиниот едноставен, но ефективен стајлинг како да е направен за летните денови.

Иако делат сличности со комбинезонот, трегерите претставуваат едно од најсмелите парчиња облека, а бројните љубители на модата, предводени од денешните ѕвезди од street style, во последните неколку месеци покажаа дека ова парче многу се врати на модната сцена.

Затоа, не е ни чудо што главната улога на аутфитот на згодната 31-годишна актерка беше модел во бело со потпис на познатата француска куќа Dior. Неговата цена е неверојатни 2.500 долари, а моментално е недостапна на официјалната веб-страница на брендот.

Иако на прв поглед делуваат дека треба убаво да се стилизираат, ѕвездата од филмот „Don’t Look Up“ со својот моден пример го докажа токму спротивното. Под трегерите можете да облечете се, од класична бела маичка до боди, а нејзиниот избор падна на – едноделен костим за капење!Станува збор за уште едно парче кое доаѓа со потписот на францускиот моден гигант, а се издвојува со својата тренди кобалтно сина боја и неодоливиот пејсли дезен.

Целиот ’изглед’ кој зрачи со летна лежерност, наградуваната актерка го заокружи со модни додатоци.

Така, место во овој стајлинг завземаа рибарска капа, минијатурни очила за сонце и безвременска кафена чанта.

Како точка во оваа модна приказна дојдоа сините апостолки кои одговараат на боите на костимите за капење, а се работи за модел со потписот на Dior.

Прочитај

____celebrity

Така го одржува својот неверојатен изглед. Шарлиз Терон моментално се одмара на плажа на Хаваи. 50-годишната актерка со години ги воодушевува обожавателите кои се...

Astro

Според статистиката, овие 3 хороскопски знаци живеат најдолго. Луѓето кои живеат над 100 години имаат разни тајни за нивната долговечност, но се чини дека...

Wall Street

Инстант лозот  „Доме сладок доме“ на Државна лотарија повторно израдува со нова освоена премија Ордан Зарински од Штип е најновиот добитник на премијата од...

Green Tea

Комбинацијата од рузмарин и ловоров лист не само што го подобрува вкусот на вашите јадења, туку носи и бројни здравствени придобивки, од подобро варење...

Advertisement