Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џенифер Лопез на црвениот тепих:Со ефикасна модна комбинација привлече внимание…

Дива која секогаш изгледа беспрекорно.

53-годишната Џенифер во својот документарен филм „Полувреме“ го кажа следново: „Чувствувам дека моето време допрва доаѓа“.

И навистина, судејќи по деловните успеси кои следат, убавината која никогаш не избледува и совршените модни стајлинзи, изгледа дека била во право.

Џенифер се појави на премиерата на филмот „Мајка“ во кој ја игра главната улога, рака под рака со својот избраник Бен Афлек.

Актерката блескаше, буквално, облечена во сребрен комплет со светки, панталони со висок струк и палто до подот во истиот дезен.

Таа ја повлече косата назад во нејзиното познато залижано коњско опавче и ги истакна очите со молив за очи.

Како додатоци, таа избра дијамантски прстени и обетки.Аутфитот го комплетираше со сребрена чанта.

Оваа година е магична за Џенифер, која не престанува да прави филмски хитови, а подеднакво успешен е и нејзиниот љубовен живот.

Љубовта меѓу Бен и неа цвета, а парот се појавува заедно на секој настан.

Прочитај

Wall Street

Директорот на Државна лотарија, проф. д-р Александар Климовски во своето излагање на јавната дебата за предлог законот за игрите на среќа и забавните игри,...

Cotton Club

Луис Хамилтон и Колман Доминго беа меѓу гостите во првиот ред на ревијата на Ралф Лорен за време на Неделата на модата во Милано,...

Green Tea

Толеранцијата на фрустрација кај децата се намалува, а психолозите како главни причини ја наведуваат прекумерната заштита и недостатокот на искуство во справувањето со мали,...

____celebrity

Се најдобро за неа! Колумбиската пејачка Шакира повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат за опуштена семејна прошетка со своите синови Милан и...

Advertisement