Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џенифер Лопез и Ганди во најновата кампања на Долче и Габана

Долче и Габана во новата „eyewear“ кампања за очила ги ангажира суперѕвездите Џенифер Лопез и британскиот модел Дејвид Ганди.

Рекламната кампања ја сними фотографското дуо од Лондон, Мерт Алас и Маркус Пигот, додека две многу посебни ѕвезди совршено го отелотворуваат гламурозниот свет на Долче и Габана. Фотографиите од новата рекламна кампања ги комбинираат „модерноста и традицијата“ и „слави убавина, која отсекогаш била основна вредност за Долче и Габана“.

Кампањата доаѓа во клучен момент за индустријата за очила бидејќи глобалното укинување на ограничувањата за пандемијата значи дека повеќе луѓе веројатно ќе одат на летен одмор оваа година отколку што беше можно во 2020 и 2021 година. Тоа значи дека новите очила за сонце најверојатно ќе се најдат на списокот за шопинг, а кампањите со такви познати личности може да бидат пресудни.

Ганди е добро познат како постоечко лице на брендот Долче и Габана, додека Лопез моментално е во очите на јавноста повеќе од кога било, така што тие двајца веројатно ќе влијаат на јавната свест на потрошувачите.

На рекламните фотографии Лопез изгледа сензационално во облека од црна тантела Долче и Габана со најновите модели на очила, додека Ганди позира во елегантен костум.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement