Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џенифер Лопез изгледа одлично во новата кампања за Coach

Есенската колекција на американскиот бренд Coach е во тренд, а во новата кампања Џенифер Лопез, која се истакнува во улогата на модел, ни го украде целото внимание. Џенифер е заштитно лице на Coach скоро една година, и веќе има снимено голем број материјали за брендот.

Колекцијата е инспирирана од делата на познатиот сликар Жан-Мишел Баскијат, а покрај Џеј Ло, во кампањата се појавуваат и моделот Палома Елсесер, актерот Мајкл Б. Џордан, артистката Дијана Гордон и внуката на Баскијат, Џесика Кели. Целата колекција беше претставена во февруари како дел од Модната недела, а креативниот директор Стјуарт Веверс додаде дека Баскијат е еден од неговите лични херои затоа што тој го отелотворува креативниот и инклузивен дух на градот Њујорк. Тој особено му се заблагодари на семејството на уметникот за поддршката и помошта во создавањето на колекцијата и кампањата.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement