Неисцрпната креативност и модните вештини на холивудската дива ве оставаат без здив.
Кога зборуваме за мултиталентиран изведувач, првата асоцијација е секогаш поп иконата Џенифер Лопез; жена која глуми, танцува, пее и е феноменален мајстор кога се во прашање модните трансформации.
Иако сме ја виделе во сите изданија, од елегантна класика до спортски изглед, дивата сепак преферира тоалети кои ја истакнуваат нејзината фигура и женственост.
Латиноамериканката се појави синоќа на црвениот тепих рака под рака со својот сопруг Бен Афлек и привлече големо внимание кај присутните гости.
Џенифер носеше многу необична долга тоалета која се состоеше од црн горен дел како комбинезон кој одлично го истакнуваше нејзиното деколте, додека долниот дел од наметката во крем боја додаде елеганција.
Што се однесува до додатоците, таа избра црна чанта, мали обетки и многу грандиозни прстени.Ја врза косата во нејзиниот карактеристичен стил,а шминката на нејзиното лице изгледаше многу суптилна.Бронзените нијанси одлично се совпаѓаа со нејзиниот тен, боја на очи и коса.

Нејзиниот сопруг, холивудскиот актер Бен Афлек, носеше класичен црн смокинг, а парот изгледаше како да е во целосна модна хармонија. Како и секогаш, тие не ја криеја својата љубов, па си разменија нежности пред камерите.
Џеј Ло изгледа подобро од било кога, па ни останува да заклучиме дека и таа ужива во бракот.

