Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ БЛЕСНА НА ПРЕМИЕРАТА НА НЕЈЗИНИОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ ВО КРЕАЦИЈА КОЈА Е СЕКСИ И ЕЛЕГАНТНА…

Џеј Ло воодушевува на секој јавен настан со својот избор на облека, а сега за важен момент во кариерата избра фустан кој ја отсликува нејзината смелост, сила и шарм.

Филмскиот фестивал „Трибека“ се одржува секоја пролет во Њујорк, а оваа година во преден план беа Џенифер Лопез и нејзиниот документарен филм „Полутајм“. Латино ѕвездата на премиерата на филмот кој ќе се прикажува на Нетфликс дојде во многу впечатлив стајлинг. Слични креации со многу исечоци и проѕирни делови има носено безброј пати, а е една од ретките што може да ги носи на гламурозен начин.

Фустанот со потписот на Тom Ford изработен од комбинација на кадифен и проѕирен материјал со црна чанта од кадифен, сандали со потпетици и елегантни висечки обетки Lorraine Schwartz искомбинирала со една од нејзините омилени фризури – висока опашка.Во интервју за Entertainment Tonight пред премиерата, Џенифер ја сподели возбудата што конечно ќе го гледа филмот.”Едвај чекам да го видам филмот. Не сум го видела готовиот проект. Нервозна сум, но и возбудена и не би сакала да го правам тоа на друго место освен овде во Њујорк”, Џеј Ло.

Halftime (Полувреме) доаѓа на Нетфликс на 14 јуни и се фокусира на повеќедецениската кариера на Лопез во индустријата, со фокус на нејзиниот настап на полувремето на Super Bowl во 2020 година.

Џенифер во едно интервју додаде дека е само на половина пат од кариерата, како што кажува и насловот на документарецот.

“Постојано го кажувам тоа. Смешно е, разговаравме за тоа денес. Победниците се раѓаат во третото и четвртото полувреме. Чувствувам дека имам уште многу да работам и многу сум возбудена поради тоа. Мислам дека ова е само половина време“, рече таа.

Трејлерот на филмот нагласува неколку предизвици со кои се соочила во текот на нејзината кариера, вклучително и борбата да биде сфатена во Холивуд како сериозен уметник и осудата што ја доби рано од јавноста и медиумите.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement