Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Џаред Лето облече џиновски костим на мачката на модната икона Карл Лагерфелд на Мет Гала 2023 …

Мачката на модната икона Карл Лагерфелд, Чупет, не се појави на Мет Гала, и покрај тоа што овогодинешниот настан беше тематски во чест на нејзиниот починат сопственик.

Сепак, како што пренесува Си-Ен-Ен (CNN), неколку присутни се погрижиле Чупет да биде главен,поради тоа пејачката и раперка Доџ Кат и актерот Џаред Лето се појавиле облечени како бурманска мачка.

Раперката добитничка на Греми носеше сребрен фустан со качулка од познатиот американски бренд Оскар де ла Рента, комплет со мачкини уши, маска и изострени канџи на ноктите.

За време на интервјуто со Алана Никол „La La“ Ентони на црвениот тепих во живо на Vouge, нејзините реченици беа придружени со неколку „мјаукања“.

Џаред Лето пристигна неколку минути подоцна, на почетокот непрепознатлив во костим на мачки од глава до пети.Тој беше облечен како неофицијалната маскота на вечерта, Чупет, со бели шепи и масивна мачка глава со впечатливи сини очи. Другите гости и оддадоа почит на познатата мачка на посуптилни начини.

Добитничката на Греми и оскаровка Жанел Моне носеше чанта со шупет во стилот на чантата „Hektor“ на дизајнерот Том Браун, додека актерката Клои Фајнмен својот фустан го спои со чанта со шупет Џудит Либер. Многумина очекуваа дека 11-годишната Чупет ќе присуствува на настанот, со оглед на тоа колку таа беше важна за Лагерфелд, кој почина во 2019 година.

Таа, сепак, одлучи „да остане во мирот и удобноста на својот дом“, изјавија нејзините претставници во понеделникот.

– Секојдневно му одаваме почит на татко ми од нашата разделба и многу сме трогнати што гледаме уште еден ден посветен на него – стои во објавата на официјалниот профил на Чупет на Инстаграм.

Еден од најважните модни настани во светот, Мет Гала 2023 се одржа во понеделник во Музејот на уметност Метрополитен во Њујорк, со тема „Карл Лагерфелд: линијата на убавината“, оддавајќи почит на покојниот влијателен и контроверзен моден дизајнер кој ги водеше модните куќи како Chanel,Fendi и модната куќа од неговата истоимена линија.Настанот, кој традиционално се организира секој прв понеделник во мај, се одржуваше во музејот Метрополитен во Њујорк, а копретседавачи на овогодинешниот настан беа актерките Микаела Коел и Пенелопе Круз, тенисерот Роџер Федерер, пејачката Дуа Липа и уредничката на Vogue списанието Ана Винтур.

Прочитај

Green Tea

Сите луѓе имаат омилена поза во сексот, која им носи барем малку повеќе задоволство од сите останати пози. Причините кои доведуваат до одбирањето омилена...

Green Tea

Одржувањето на стаклото од тушот беспрекорно може да биде фрустрирачко бидејќи е постојано изложено на разни производи за капење, но постои природен начин да...

____celebrity

Актерката Ања Тејлор-Џој уште еднаш докажа дека е вистинска модна икона, појавувајќи се во снежнобел проѕирен фустан кој ги воздивна сите. На 16-тото годишно...

Green Tea

Медот е одлична природна состојка која може да се користи за да се направат ефикасни домашни козметички производи. Овие козметички производи од мед можете...

Advertisement