Американскиот претседател кој си „заминува“ Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија го напуштија Вашингтон и отпатуваа за Флорида, во Мар-а-Лаго, каде ќе ги поминат празниците во нивната приватна резиденција.
Сепак, и покрај фактот дека Меланија ги смени комбинациите на облека на пат кон Флорида, целата нејзина гардероба остана во сенка на чизмите што ги носеше кога го напушти Вашингтон.
Станува збор за високи кожни чизми со потпис на дизајнерот Кристијан Лубутин, кои достигнуваат до бутовите. Овој модел на обувки во никој случај не е посакуван за првата дама, па затоа Меланија, која повеќе нема да ја носи оваа титула, може слободно да носи попредизвикувачка облека, што досега не беше случај!





