Кејт Мос го освои модниот свет како тинејџерка и стана најплатениот модел на сите времиња. Сега, по нејзините стапки тргна и нејзината осумнаесетгодишна ќерка, Лила Грејс Мос.
На овогодинешната модна недела во Париз, таа прошета во парчиња од модната куќа Миу Миу и ги воодушеви модните критичари и публиката. Нејзиното лице досега украси голем број рекламни кампањи, а стана омилена кај многу дизајнери.
Многумина коментираа дека по убавина ја надминала нејзината мајка и дека претстои одлична кариера. Експертите и предвидуваат уште поголем успех од оној што го постигна Кејт.

