Трендсетерките како Џулија Фокс, Лурд Леон и Кајли Џенер не ја пропуштија изложбата на креации на легендарниот Тиери Муглер во Њујорк.
Најмладиот член на реалити кланот Кардашијан-Џенер, инфлуенсерката Кајли, беше главна ѕвезда на отворањето на изложбата „Mugler: Couturissime“ во Њујорк во вторникот, поставена во чест на легендарниот моден дизајнер Тиери Муглер.
Џенер пристигна на црвениот тепих на музејот Бруклин во црн фустан на Mugler со корсет „сирена“, украсен со пердуви и светки. Со креацијата носеше соодветни долги ракавици, а најголемо внимание привлече со необична дијамантска лента за глава.

Откако им позираше на фотографите во гламурозно издание, инфлуенсерката се пресоблече и ја обиколи изложбата во друштво на нејзиниот пријател и креативен директор на модната куќа Mugler, Кејси Кадваладер.

Другиот стајлинг на Кајли го вклучуваше проѕирниот мрежест комбинезон на Mugler и неговата винтиџ наметка од деведесеттите, а фризурата од прекрасна пунџа ја смени во т.н. „Викторијански локни“ во духот на четириесеттите.
„Чест е да се носи парче од модната историја“, напиша Кајли на Инстаграм покрај фотографијата на која ја носи иконската наметка.
На изложбата беа претставени 100 единствени креации на Mugler, а Џенер позираше покрај неколку од експонатите, вклучувајќи го и фустанот што го носеше на модните награди CFDA претходно овој месец.
Отворањето не го пропуштија познатите трендсетерки како Џулија Фокс и ќерката на Мадона, Лурд Леон, кои ги покажаа и омилените креации на покојната дизајнерка.


