Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Што се носи сега на црвениот тепих?

Вчера, една од ретките церемонии на доделување на наградите оваа година се одржа на многу поинаков начин од порано. Наместо толпата создадена од фотографи, која се обидуваше да ги фати многуте sвезди на црвениот тепих, шумот на салата полна со луѓе и задоволството на публиката по музичките настапи, синоќешните People’s Choice Awards се одржаа со многу помирен тон.

Победниците се појавија да ја земат наградата во салата, а другите гости и гледачи се придружија од своите домови преку видео повик. Ѕвезда на вечерта беше Џенифер Лопез која ја однесе дома својата награда за Икона на годината во обемниот црвен мини фустан на Кристијан Сиријано.

Свечените тоалети не беа на повидок, иако неколку гости се одлучија за коктел фустан со светки или свила, како што се пејачката Деми Ловато и актерките Тифани Хадиш и Софија Вергара, која ја пикна маската во деколтето на сцената.

Но, судејќи според изгледот што можевме да го видиме на црвениот тепих, 2020 година го стори своето и славните исто така се навикнаа на удобноста на athleisure што ја носиме цела година, така што најчестата комбинација на вечерта беше – преголем костум. Го носеа и Деми Ловато, Џамела Џамил, па дури и победниците Елен Помпео (проѕирна верзија со светки), Елен Деџенерис (нејзината доста честа комбинација) и модната икона Трејси Елис Рос.

А, како ќе бидат доделени наградите во следните неколку месеци и дали ѕвездите едвај чекаат да скокнат во вечерни фустани и смокинг, едвај чекаме да видиме.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement