Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Што носи линијата за убавина на Аријана Гранде?

Се чини дека секоја недела се појавува нов славен бренд за убавина, а најновиот е Аријанa Гранде. Пејачката веќе има искуство во создавање парфеми, а сега се обидува и во светот на шминката.

28-годишната пејачка со ситна градба, но моќен глас, моментално работи на своите актерски способности и ќе се појави во филмот „Не гледај нагоре“ со Лео Ди Каприо и Џенифер Лоренс, се појавува како судија и ментор во шоуто ,,Гласот”, а сега нејзиниот бренд се шири и во светот на убавината.

Иако веста е свежа, нејзината линија r.e.m. beauty е во изработка веќе 2 години и таа веќе има искуство во индустријата за убавина благодарение на низа парфеми со нејзиното име. Музичарката позната по својот имиџ, кој неизбежно вклучува висока опашка, беспрекорен тен, сенки за очи и сјај за усни, се токму такви производи за шминка претставени од r.e.m.beauty на Аријана. Ајлајнер, течни сенки за очи, маскара, кармин и сјај се основата на нејзиниот бренд, а во иднина најавува проширување на асортиманот.

Бројни славни жени од светот на шоу-бизнисот ги започнаа своите линии на производи за убавина и велнес: од Џесика Алба и Гвинет Палтроу, до најновите Рози Хантингтон-Вајтли и Џенифер Анистон и исклучително успешните милијардери Ријана и Џенифер Лопез. Иако пазарот изгледа заситен со славни брендови за убавина, Аријана не се согласува. „Ги користам брендовите од моите колешки исто како што ја слушам нивната музика. Нема да кажам – о, има премногу музичари. Не можете да имате доволно шминка, исто како што не може да има премногу музика “- заврши Ари.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement