Шерон Стоун изгледа беспрекорно добро за нејзината возраст, а овие фотографии се доказ за тоа.
Актерката прошета во фустан со црвени чизми и предизвика вистинско воодушевување. Позитивните коментари за нејзиниот изглед, но и за нејзиниот стајлинг, не престанаа да пристигнуваат. Таа е вистински пример, за тоа, како треба да изгледа една жена во зрелите години.
Работи на себе, се грижи за себе и внимава на исхраната, а тоа може да се види и врз основа на нејзиниот изглед.
“Вечната младост е мит. Не сакам да бидам безвременска убавица. Сакам да бидам жена која изгледа најдобро за своите години”, изјави таа еднаш.
Нејзините стајлинзи се секогаш интересни, па слободно може да застане рамо до рамо со трендсетерките. Секогаш иновативна и тренди, Шарон ретко греши кога е модата во прашање.
Дали ви се допаѓа оваа комбинација на облека?


