Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Шарлиз Терон: Патики што едвај ја чекаме пролетта

Додека многу sвезди имаат асистенти кои ќе направат сè за нив, вклучително и вршење класични секојдневни работи како одење во самопослуга, некои славни личности стојат цврсто со двете нозе на земја и сè уште прават такви работи лично, без нивна помош.

Една од нив е Шарлиз Терон. Актерката се упати кон продавницата во Лос Анџелес во близина на нејзиниот дом за да ги набави сите потребни за своето семејство.

За шопинг таа носеше спортска облека што обично ја носи во вакви лежерни прилики.

Изданието кое се состоеше од хеланки, класична маица и јакна во црно го разигра со патики во прекрасна розова нијанса.

Станува збор за моделот Nike Air Max 2090, кој е инспириран од нивниот легендарен модел на патики Air max 90.

Иако го обожаваме зимското време поради чизмите до глуждот и чизмите што се неизбежен дел од зимската гардероба, сепак навистина се радуваме на пролетниот период кога повторно ќе скокнеме во патики.

Во однос на популарноста, белите модели стојат рамо до рамо со оние во други бои, па на улиците во нашите градови можеме да видиме патики во светли и впечатливи нијанси како оние што ги носи Шарлиз.

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement