Правејќи го она што најдобро го прават, Линдт е целосно подготвена да ги отвори вратите на нејзиниот музеј – Дом на чоколадо, кој ќе биде посветен на нивната историја и производство. Дизајнирано од архитектонско студио од Базел, Крист и Гантенбајн, овој мултифункционален објект е, сам по себе, спектакл, благо речено.
Музејот се наоѓа во Килшберг и содржи мултимедијални и интерактивни изложби, истражувачки центар, изложбен салон, како и најголемата продавница за чоколади „Линдт“, кафуле „Линдт“ и чоколатерија на Линдт за вистинските љубители на овој деликатес. Шлаг на тортата од целата приказна е огромна фонтана за чоколадо, висока над девет метри, која се наоѓа на самиот влез од зградата.
Посетителите ќе можат тука да го истражат целиот универзум на слатки, каде што ќе можат да научат како да работат со чоколадо и да создаваат свои ремек-дела, со дегустација на домашни вафли и многу други.





