Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Чиста елеганција: Зендаја ја потврди титулата на нова стилска икона во дождливата Венеција…

Додека на југот на Франција се одржуваше свеченото отворање на 76-тото издание на Канскиот филмски фестивал, во дождливата Венеција се одржа гламурозен настан во режија на  Bulgari, а во главната улога беа амбасадори на познати брендови.

Актерките Пријанка Чопра, Ен Хатавеј и Зендаја заедно со многу познати дами пристигнаа во Венеција каде беа главни ѕвезди на забавата во режија на познат бренд за накит овој вторник.Споменатото трио се заштитните лица на брендот  Bulgari, а новата стилска икона, како што многумина ја нарекуваат ѕвездата на ‘Euphoria’, малкумина ги остави рамнодушни со појавувањето во дождливата Венеција.

Со Ло Роуч, близок пријател и познат стилист, 26-годишната Зендаја досега создаде бројни незаборавни изданија, а оваа успешна традиција ја продолжија во Венеција.

Фустаните со раскошни детали и крој кој особено ѝ ласка на женската фигура сега се омилениот избор на дуото, што многу јасно го истакнаа на црвениот тепих во последните месеци.

На настанот на Bulgari во Венеција, тие решија да играат на картата на црната елеганција, со прекрасен фустан по нарачка креиран за Зендаја од британскиот дизајнер Ричард Квин.

Изработен од кадифе со луксузен изглед, фустанот и прилегаше на иконата на новиот стил, а неговата заводлива привлечност беше нагласена со длабоките ремени од плисирана свила.

Како што доликува на настан во режија на Bulgari, Зендаја, како и повеќето гости, носеше скап накит од брендот, а нејзиниот избор беше дијамантски ѓердан во форма на змија.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement