Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Чанта во форма на кесичка чипс со потпис Balenciaga …

Модата е навистина широко поле во кое секојдневно се испреплетуваат различни креативни решенија. Некои се резервирани само за модните писти, а некои се наша инспирација за секојдневни комбинации.

Добро ни е познато дека за вкус не се разговара, но некои модни трендови ги поместуваат границите и поттикнуваат модни дискусии.

Една од таквите креации е секако новата чанта на грузиската дизајнерка Демна Гвасалија, креативна директорка на Balenciaga, која неодамна претстави навистина посебни чанти.

Така Balenciaga објави чанти кои изгледаат идентично како празна кеса со познати чипсови.

Оваа крцкава закуска ја инспирираше Balenciaga да создаде нова генерација чанти кои, исто како и чипсот, доаѓаат во повеќе бои и вкусови.

Така,чантите ќе бидат достапни во сина, жолта, црвена или лимета боја, кои се однесуваат на омилените вкусови на овој крцкав производ. Во овој случај, името на брендот е на местото каде што вообичаено е означен вкусот, но остатокот од дизајнот останува автентичен, па изгледа исто како вреќа чипс.

Идејата ја претставија уште во јуни, кога дизајнерот се појави со оваа чанта на ревијата на Кралската академија за ликовни уметности во Антверпен.

Јавноста имаше можност да ги погледне чантите на ревијата на калливиот моден Balenciaga, одржана оваа есен, а вниманието го украдоа манекенките носејќи празни кеси со чипс во рацете. Дури и внатрешноста на чантата изгледа исто како и алуминиумскиот дел од оригиналната торба.

Различни се реакциите на следбениците на социјалните мрежи. Додека некои ја поддржуваат оваа идеја, други веруваат дека чантите инспирирани од чипс се надвор од мода.

Balenciaga стана социјален експеримент, коментира еден корисник на Инстаграм. А овој бренд навистина можеме да го гледаме како современ моден експеримент бидејќи во неколку наврати не изненадија со својата креативност.

На пример, досега веќе претставија искинати патики,во 2017 година не изненадија со сина чанта ИКЕА – вредна речиси 17.000 куни.

Ние сме Balenciaga, можеме да правиме што сакаме, е коментарот на корисничка која не е задоволна од ова решение бидејќи смета дека чантата како чипс не е модерна.Доколку сте меѓу оние на кои им се допаднало ова креативно модно решение, не мора да потрошите цело богатство на него, бидејќи копија од оваа интересна чанта со необичен дизајн се појави и на AliExpress.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement