Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Хејли Бибер предизвика прашина низ улиците на Париз во никогаш пократок розов фустан, својот предизвикувачки стајлинг го зачини со скапа чанта со познат потпис…

Американскиот модел Хејли Бибер деновиве пристигна во Франција по повод Париската модна недела. Сопругата на поп-ѕвездата Џастин Бибер се најде во центарот на вниманието на ревијата на познатата француска куќа Yves Saint Laurent, за која работи и како заштитно лице и сето тоа благодарение на предизвикувачкиот стајлинг кој ја стави нејзината витка линија во преден план. Основачот на брендот ‘Rhode’ скокна во розов фустан кој никогаш не бил пократок, а не останала незабележана ниту скапата чанта по која копнеат многу љубители на модата…

Една од најголемите светски трендсетерки, 25-годишната Хејли Бибер, неодамна пристигна во Париз, каде што е во тек уште едно издание на Модната недела.

За ревијата на францускиот моден гигант Yves Saint Laurent,кој во рамките на овој престижен моден настан ја претстави новата колекција за пролет/лето 2023 година, американската ‘it’ девојка приреди вистинско модно уживање кое сите ги остави без зборови.

Атрактивната манекенка знае на вкусен начин да ја направи заводлива речиси секоја облека, а исклучок не беше ниту последното издание кое го прошета по улиците на француската престолнина.

Сензационалниот „изглед“ на американската убавица се вртеше околу впечатливи парчиња потпишани од  Saint Laurent, а главна ѕвезда на нејзиниот стајлинг беше минијатурниот розов фустан кој ги истакна нејзините долги нозе.

Станува збор за парче од колекцијата пролет/лето 2022 година кое беше претставено на минатогодишната модна недела во Париз, а го красат долги, малку надуени ракави и златни копчиња на деколтето.

Предизвикувачкиот фустан го комплетираше со црни штикли и црна чанта со препознатливото лого на куќата која ужива статус на ‘it’ парче меѓу светските трендсетерки, а неговата цена е 1.790 евра.

Секси изданието манекенката го заокружи со минијатурни наочари за сонце кои станаа нејзин вид изјава.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement