Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Хејли Бибер одржа уште една модна лекција и потврди дека е кралица на заводливиот стајлинг…

Американскиот супермодел Хејли Бибер повторно ги воодушеви модните експерти со своите стајлинзи! За излегувањето во елитниот њујоршки клуб „Dumbo House“, познатата убавица ја покажа својата извајана фигура во шик (и тренди!) издание и потврди дека е кралица на заводливите стајлинзи…

Сопругата на поп-ѕвездата Џастин Бибер, 25-годишната Хејли Бибер, повторно одржа модна лекција за елеганција со примеси на сексапил на улиците на Велика Јабука.

Згодниот ангел на Victoria secret неодамна беше видена во Њујорк, каде што се упати на вечера во елитен ресторан и клуб. Таа за таа прилика облече тесен фустан во беж нијанса, кој се истакнува со интересни ракави и длабоко деколте.

Фустанот кој зрачи со сексапил и елеганција го потпишува брендот 16 Arlington, а Хејли Бибер го искомбинирала со тренди влечки на потпетици.

Познатата американска убавица се одлучи за модел со потпис на италијанскиот бренд Gia Borghini.„Look“ кој ги комбинира сексапилот и елеганцијата е надополнет со пристојни модни додатоци – овални очила за сонце со потписот на познатата куќа Balenciaga и кружни златни обетки со потпис на њујоршкиот бренд AGMES.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement