Откако претстави прекрасна колекција кармини инспирирани од чантите Биркин, како и три нови нијанси малку порано, Хермес сега прави чекор во светот на лакот за нокти…
Познатиот бренд неодамна лансираше возбудлив ансамбл во рамките на својата линија за убавина. Колекцијата се состои од 24 бои, во смели био-пигменти на кои им треба само еден слој за да изгледаат прекрасно. Нијансите се придружени со основен и завршен слој, покрај алатките за нега на нокти, како што се четки и турпии за нокти.
Некои од највпечатливите нијанси во линијата се „Orange Boîte“ – иконската портокалова Хермес, црвената „Rouge Casaque“ и темно розовата „Rose Magenta“. Целиот асортиман е создаден од тим на колористи кои вообичаено произведуваат предмети од кожа и свила, додека Пјер Харди помогна во дизајнот на пакувањето, заедно со долгогодишниот уметнички директор на Хермес, Пјер-Алексис Думас.
Коментирајќи за колекцијата, Агнес де Вилиер, извршен директор на Hermes Beauty & Fragrances, вели: „За Хермес, рацете се нешто како лица, бидејќи секое наше парче е рачно изработено. На почетокот, се прашувавме дали треба да направиме турпии за нокти на Хермес, дали е во согласност со нашата филозофија, но заклучивме дека тоа е и неопходен дел од рутината за убавина “.
Колекцијата со 24 нијанси ќе биде достапна за купување од 15 октомври.





