Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Хајди Клум и ќерката Лени повторно заедно пред камера: Црвена долна облека за претстојните празници

Празничната колекција не би била комплетна без пријатни пижами во кои можете да го поминете целиот зимски ден.

Хајди Клум и ќерката Лени повторно ја засенија јавноста појавувајќи се во втората кампања за долна облека на брендот „intimisimi“. Овој пат, манекенското дуо мајка-ќерка покажува линија која е совршена за празничната сезона, како што сугерира црвената боја.

Хајди го покажа своето затегнато тело во проѕирен градник од тантела и гаќички со ситни златни украси. Лени пак носеше дел од празничната колекција за спиење, комплет составен од црвени свилени шорцеви и топ со прерамки украсен со детали од тантела на деколтето и рабовите.

Камерата сними момент на нежност – Лени се потпира на вратот на мајка си со затворени очи. На оваа фотографија најочигледно е колку тие двајца всушност се слични.

Празничната колекција не би била комплетна без удобни пижами во кои можете да го поминете целиот зимски ден – Лени и Хајди носат токму такви, иако малку погламурозни поради црвената боја.

Откако дебитираа во првата кампања, мајката и ќерката добија многу позитивни коментари за нивниот изглед и фактот дека Лени ја гледа својата мајка како модел на својата кариера, но некои сметаа дека фотосесијата е, благо кажано, „непримерна. “.

Лени, сепак, не зема ништо од негативноста при срце.

– Искрено, не внимавав на реакциите – открила таа за „Page six“.

  • Генерално, задоволна сум од кампањата и имав неверојатен ден со мајка ми. Ја сакам. Таа е инспирација. Советите што ми ги дава, начинот на кој работи, сè за неа, можам да ги набројам. Ми се допаѓа да снимам со неа – вели Лени.

Со последната кампања Хајди и Лени порачаа дека немаат време да слушаат критики.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement