Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Хајди Клум во необично, секси, но малку диво издание привлече многу погледи…

На неодамнешната полуфинална вечер на шоуто за таленти „America’s Got Talent“, членот на жирито и поранешен супермодел Хајди Клум се појави во комбинација која го одзема здивот.Хајди позираше во секси и вамп дневно издание, а вечерта блесна во розев фустан со колешката Софија Вергара.Погледнете што облекла додека комбинирала проѕирен корсет со танга! Супермоделот Хајди Клум со години дели модни лекции, а нејзините модни комбинации секогаш не воодушевуваат. Таа и овој пат не потфрли, појавувајќи се во полуфиналето на шоуто „America’s Got Talent“, каде седеше како судија покрај Сајмон Кауел, Хауи Мендел и Софија Вергара. Поранешниот ангел на Victoria secret позираше по пристигнувањето во студиото каде се снима шоуто во малку диво, спортско-секси издание. Звучи како невозможна комбинација?

Еве како тоа го прави Хајди Клум.

49-годишната Клум се насмевна и им мавташе на фановите, а вниманието го привлече со секси дневното издание кое одлично и прилега. Таа носеше црн кожен корсет со точкеста тантела и прерамки, кој го усогласи со велосипедски шорцеви Dolce&Gabbana. Иако на почетокот би помислиле дека се работи за два некомпатибилни елементи, Хајди не убеди во спротивното. Аутфитот го комплетираше со црна кожна јакна и кожени чизми на рамо со нитни потпишани од Џузепе Заноти. Од модни додатоци и накит таа се одлучи за златни обетки, авијатичарски очила и црна кожна чанта, исто така од Dolce&Gabbana.

Се чини дека Dolce&Gabbana е еден од омилените брендови на поранешниот германски супермодел, бидејќи на црвениот тепих во пресрет на второто полуфинале на шоуто „Америка има талент“ носеше фустан со потпис на италијанската модна куќа. Таа позираше на тепихот со колешката и актерка Софија Вергара, а изгледа дека се договориле за аутфитот. Имено, и двете носеа розови фустани Dolce&Gabbana во кои едноставно блескаа.

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement