Познатата актерка се појави со нова боб фризура!
Хали Бери се појави гламурозно на 93-те Оскари. Познатата актерка се прошета по црвениот тепих со нова фризура, успевајќи да го украде целото внимание на јавноста.
Ѕвездата избра боб со кратки шишки што совршено и одговараа, а исто така, ова не е прв пат да се појави на Оскарите со кратка коса. Таа влезе во историјата на Оскарите во 2002 година кога стана првата афро-американска актерка што ја добила наградата за најдобра актерка за нејзината улога во „Monster’s Ball“. Тогаш освоила бројни пофалби појавувајќи се со пикси фризура.
Оваа година Бери имала подолга фризура, но подеднакво импресивна. Актерката, секако, ја комбинирала својата фризура со исто така импресивна облека. За црвениот тепих, таа избра фустан од LaQuan Smith во магента нијанса, додека шминката била во слични нијанси на виолетова боја.
Дали ви се допаѓа новиот имиџ на Хали Бери на Оскарите?


