Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Фаусто Пуглиси е новиот креативен советник на брендот Roberto Cavalli

Фаусто Пуглиси е официјално назначен за креативен советник на Роберто Кавали. Дизајнерот ќе ги започне своите должности веднаш, а првата колекција под негово водство ќе биде прикажана во јануари 2021 година.

Самиот дизајнер го коментираше своето назначување: „Јас сум почестен и горд што го поддржувам наследството на оваа неверојатна марка и, пред сè, продолжувам да ја одржувам сликата за гламур и софистицираност на Роберт Кавали. Сакам да ги развијам моите идеи за инклузивност и убавина и да започнам дијалог помеѓу културите и различната естетика. Ова е единствена можност да напишеме ново поглавје во историјата на брендот, продолжувајќи да му оддаваме почит на наследството на италијанските занаети “.

Фаусто Пуглиси е роден во 1976 година во Месина, Сицилија. Фаусто Пуглиси го основа својот бренд во 2010 година. Неговата облека ја носеа различни sвезди како Џенифер Лопез, Зендаја, Тејлор Свифт, Рита Ора и многу други. Исто така, од 2012 до 2017 година работел како креативен директор на француската куќа Емануел Унгаро. Стилот на Пуглиси е светол, екстравагантен и сексапилен, со многу декор и животински отпечатоци, поради што тој неколкупати беше споредуван со Џани Версаче. Сигурни сме дека делото на самиот Роберто Кавали совршено ќе продолжи со ваква естетика.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement