Познатата руска манекенка Ирина Шајк ја красеше премиерата на филмот ‘L’immensità’ со Пенелопе Круз во главната улога, што се одржа синоќа во рамките на 79. Филмски фестивал во Венеција. Супермоделот секогаш ги мами погледите, а овој пат успешно ги засени филмските ѕвезди во комбинација која е и заводлива и елегантна, но и во согласност со трендовите…
Една од најзафатените манекенки на денешницата, 36-годишната Ирина Шајк не го пропушти овогодинешното издание на филмскиот фестивал во Венеција. Познатата руска убавица предизвика вистинска врева на црвениот тепих појавувајќи се во издание кое ги комбинира сите трендови.
Овој пат руската манекенка повлече воздишки во празнична варијанта на црн фустан со лизгачки крој, кој стана еден вид модна класика во деведесеттите.
Слип фустан кој не поднесува долна облека стана едно од најпосакуваните парчиња во летната сезона, а атрактивна Русинка избра модел со потпис на италијанскиот бренд Pinko кој е украсен со длабок шлиц на грбот.

Ласкавиот фустан го искомбинирала со црни сандали на потпетици, а целата комбинација ја зачинила со масивни алки и драматична шминка.
Интензивната шминка на очите постигната со црни сенки за очи, молив или туш за очи стана неочекуван тренд кој го прифатија многу дизајнерски куќи во нивните ревии, меѓу кои и Chanel и Valentino, а истото во неколку наврати го направи и американската актерка Џулија Фокс.
Познатата Русинка пред една недела крена поголема медиумска прашина објавувајќи фотографии со нејзиниот поранешен партнер, актерот и режисер Бредли Купер.
Откако таа откри дека заедно се одмораат на Бахамите, почнаа гласини за тоа како и дале втора шанса на љубовта. Извор близок до парот, кој раскина во 2019 година и заедно ја имаат ќерката Леа Де Сејн, откри за Page Six дека размислуваат за помирување, но и дека сакаат уште деца.
