Претседателот на САД Доналд Трамп го посети градот Валдоста за да учествува на политички собир. Ова е прво официјално појавување на Трамп во јавноста по претседателските избори, а со него беше и сопругата Меланија, која уште еднаш го привлече целото внимание со својот стајлинг.

Меланија уште еднаш го сврти целото внимание на неа со својата комбинација на облека.
Модните критичари се согласуваат дека мора да ѝ се признае на Меланија дека е една од најдобро облечените американски први дами.

Таа за овој собир избра црн фустан, кој се гледаше под фантастично палто. Меланија изгледаше одлично во кожен модел со темно црвена кожа што го комбинираше со салонки со високи потпетици во зебра принт.

Првата дама е позната по својата љубов кон ефективните и впечатливи палта, а во оваа прилика уште еднаш покажа како комбинацијата на класичен крој и необичен материјал и боја дава фантастичен резултат.
