Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Удобни градници без жица кои можете да ги носите во текот на целиот ден

Удобноста стана клучен фактор во областа на модерната мода.

Овој тренд забрзано се пробива во индустријата за долна облека, бидејќи една модерна жена сака, покрај естетскиот изглед, да биде задоволна и со удобноста на долната облека што ја носи. Се повеќе брендови ширум светот им нудат на своите клиенти специјално дизајнирани градници, кои се совршени за носење во текот на целиот ден. Меки, удобни, елегантни и без класични жици, тие се совршени за сите дами кои не сакаат нивната убавина да биде воздржана на кој било начин.

Без разлика дали барате градник за носење кога работите дома, одите на работа, на прошетка низ град или навечер кога сакате да бидете кралица на подиумот (во сопствениот дом), меѓу оние што денес ви ги претставуваме сигурно ќе најдете оној што ги исполнува вашите критериуми. Толку удобни за носење, што ќе заборавите дека ги носите.

Од друга страна, овие градници ќе ви дадат доволно поддршка на градите за да бидат пријатни додека ги носите, без присуство на жици и досадни корпи. Апсолутно природно чувство што може да се спореди само со отсуство на градник. Незабележителен под облеката, а сепак толку присутен што ги прави вашите гради да имаат совршена форма под тенка маичка.

Направени од квалитетни материјали, со чипка, сатен и проѕирни детали, тие едноставно ве предизвикуваат да ги замислите на себе. Со оглед на пролетната сезона пред нас, она што секој од нас го посакува е малку повеќе слобода и токму тоа ви го носи изборот на градници што ви ги претставуваме денес.

WEEKDAY CARLA SATINI BRA
WEEKDAY CAT SOFT BRA
FRUITY BOOTY BLACKBERRY SCOOP
LES GIRLS LES BOYS DAISY LACE TRIANGLE BRA
DORA LARSEN JUNO SOFT BRA
BEVERLY HILLS LINGERIE FEIST BRALETTE
MOONS AND JUNES MATA

ERES CORNELZ BRA

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement