Поранешната јавачка на коњи, а денес амбасадор на луксузната модна куќа Chanel, на коњичкиот куп Longines Pro-Am, кој се одржа во Монте Карло, се појави во Chanel од глава до пети.

Принцезата Каролин и Шарлот Казираги ги доделија наградите на Monaco Longines Pro-Am купот, коњички натпревар кој се одржува во Монте Карло од 2010 година, за кој е одговорна 35-годишната Шарлот.За таа прилика, убавата внука на покојната холивудска дива Грејс Кели носеше портокалов фустан без ракави.Станува збор за креација на Chanel, која се гледа и на самиот фустан, бидејќи името на таа модна куќа е вткаено во свилениот жакард од кој е направен фустанот.

Откако стана амбасадор и портпарол на Chanel во 2020 година, Шарлот Казираги исклучиво ги носеше нивните креации на сите јавни настапи. На почетокот на оваа година Chanel одлучи на модната јавност да и приреди специјално претставување на својата колекција за висока мода. Откако сними кампања за брендот, Шарлот јаваше на црн коњ до ревијата на Chanel.

Нејзината мајка, принцезата Каролина од Монако, која беше и блиска пријателка со покојниот дизајнер Карл Лагерфелд, со години носи креации на Chanel. Во бракот со трагично загинатиот италијански бизнисмен Стефано Казираги, Каролин имала три деца, синовите Пјеро и Андреа и ќерката Шарлот, додека од бракот со Ернесто од Хановер ја има ќерката Александра.

Неодамна, во интервју за францускиот магазин Les Inrocks, Шарлот зборуваше за семејната трагедија, прераната смрт на таткото на Стефано Казираги. Таа имаше само четири години кога нејзиниот татко, инаку искусниот морнар Стефано Казираги, загина во трагична несреќа на море за време на регатата во Монако во октомври 1990 година. Тоа беше тешка траума што остави лузни и на принцезата Шарлот.

„Тие беа страшни емоции. Кога сте соочени со таква брутална смрт на некој ваш близок како дете, повеќе не земате ништо здраво за готово. Често се прашував зошто ми се случува сето ова и зошто морам да поминам низ сето тоа“, изјави Шарлот и откри што и помогнало да ја надмине тешката загуба: „Патот до надминување на загубата беше долг. Книгите ми помогнаа“.
Својот мир и семеен живот го нашла во Франција, каде живее со нејзиниот сопруг Димитри Расам, филмски продуцент со две деца. Синот Рафаел (8) го доби со поранешниот партнер, францускиот комичар и актер Гад Елмалех, додека со сегашниот сопруг го има Балтазар, кој е роден во 2019 година.

Иако медиумите често ја нарекуваат принцеза, таа не ја носи таа титула ниту ја сака, а моментално е 11-та во редот за монашкиот трон. „Јас не сум принцеза. Мајка ми е, но јас не. Јас сум внука на шефот на државата. И со тој статус добив некои застапнички должности, ништо многу ограничувачко или исклучително“, изјави таа еднаш за Vogue Paris.
