По враќањето на квадратни сандали и кратки топови, кои беа актуелни во текот на 90-тите, време беше торбите што беа во тоа време во тренд, да се вратат на модната сцена.
Овие се мали, квадратни торби, познати и како торби багет. Тие ќе бидат омилен моден детал кај сите дами, велат модните експерти. Кога Кери Бредшо за првпат се појави во серијата Сексот и градот со оваа торба, се појави вистинска лудост за неа. Модните познавачи предвидуваат еднаква популарност и оваа година.
Точно, скоро ништо не може да се чува во нив, освен мобилен телефон и мал комплет, но мора да признаеме дека на секоја облека и даваат интересна нота и дека се едноставно неодоливи.
Сите бои ќе бидат релевантни, а се препорачува да ги носите со некои малку елегантни комбинации.
Еве како ги носат познатите трендсетерки:
