Судејќи според фотографиите на Инстаграм, можеме да заклучиме дека сите трендсетерки полудеа по парчето, кое беше голем хит во текот на 80-тите.
Ова се хеланки во неонски бои.
Џејн Фонда ги прослави овие хеланки, а овие денови тие повторно стануваат актуелни. Модните експерти предвидуваат дека тие ќе бидат на врвот на модната листа во текот на следната година.
Ова парче изгледа најдобро ако се комбинира со преголеми џемпери или дуксери. Изгледа феноменално и кога се носи со блејзер.
Постојат многу начини да се носи ова впечатливо парче, а ние најдовме неколку идеи.

