Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Трендот на проѕирни фустани го зафати модниот свет, а ни Оливија Вајлд не можеше да одолее! Згодната актерка ја скокотка фантазијата во провокативно издание…

Актерката и режисерка Оливија Вајлд не престанува да нанижува впечатливи стајлинзи достојни за пофалба. Поранешната девојка на музичарот Хари Стајлс присуствуваше на доделувањето на People’s Choice Awards каде го украде целото внимание во црн фустан од тантела чиј проѕирен материјал навестуваше дека под неа не носи градник. Во последните неколку недели, предизвикувачките стајлинзи кои малку и оставаат на имагинацијата станаа еден вид модна униформа на црвените килими, а слични изданија неодамна се забележани и на музичарката Рита Ора, супермоделите Хејли Бибер, Ирина Шајк и Кејт Мос…

Трендот на проѕирни фустани го зафати модниот свет, а последната дама која не можеше да одолее е актерката и режисерка Оливија Вајлд.

Жешката 39-годишна девојка, која неодамна ја раскина двегодишната врска со пејачот Хари Стајлс, десет години помладиот од неа, беше ѕвезда на црвениот тепих на наградите People’s Choice, при што го украде целото внимание во ризична облека која не е за секого.

На доделувањето на наградите што се одржа во Санта Моника, режисерката на филмот „Не се грижи мила“ ја доби наградата за најдобар драмски филм на годината, токму за споменатиот наслов.

Атрактивната актерка по наградата пристигна во провокативен фустан од тантела, а проѕирниот материјал откри дека под фустанот не носи градник, туку само гаќички со висок струк. Споменатата креација е дело на дизајнерката Марија Грација Чиури на чело на модната куќа Dior,а својата премиера ја имаше во претстојната крстаречка колекција на брендот претставена во Севиља, Шпанија.

Она што ја прави оваа креација особено секси е додавањето на кожен ремен во стил на корсет, кој на целокупниот впечаток му дава дополнителна доза на смелост.

Ѕвездата од серијатa “Доктор Хаус” изгледот го дополни со драматична шминка и пуштена, брановидна коса.

Заводливите стилови кои откриваат повеќе отколку што прекриваат во последните неколку месеци се во првите редови на стајлингот на познатите дами, а слични храбри потези неодамна направија и музичарката Рита Ора, супермоделите Хејли Бибер, Ирина Шајк, Емили Ратајковски,инфлуенсерката Оливија Палермо, како и легендарниот британски супермодел Кејт Мос.

Прочитај

____celebrity

Холивудската ѕвезда Џесика Алба веќе некое време е во центарот на вниманието, откако беше објавено дека се разведува од Кеш Ворен, а потоа набрзо...

____celebrity

Актерите Хју Џекман и Сатон Фостер го имаа своето прво заедничко појавување на црвениот тепих откако почнаа да се забавуваат кон крајот на 2023...

Wall Street

Време е Карпошани повторно да се движат безбедно, здраво и слободно. Карпош заслужува лидер кој не ветува само промени, туку ги гради – од...

Wall Street

Хумано решение за безбеден живот Личен став на Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош Граѓаните на Скопје, а особено на Општина Карпош,...

Advertisement