Селена Гомез е видена во Њујорк во портокалово крзнено палто, што им одржала вистинска модна лекција на сите жени.
Младата пејачка се облекла во согласност со временските услови: топло и удобно, а сепак урбано и секси. Облечена во жолт џемпер и жолта капа, слушалки, портокалово крзнено палто и кафеави, карирани панталони, Селена се облекла совршено модерно.
Жолтата и портокаловата се вистинските есенски бои, кои даваат чувство на топлина, но и модерен шик.
Со овој моден избор, Селена им порача на сите девојки: може да изгледате секси и урбано дури и кога сте покриени од глава до петици!



