Повеќето од нас ја паметат по убавината, но и по одличните улоги што ги играше во филмот. Кога зборуваме за стилот на облека, издвојуваме туники украсени со скапоцени детали и кафтани, кои таа ги носеше во зрелите години. Можеме да и припишеме следење на трендовите за време на нејзината богата кариера, а во следниот текст ќе обрнеме внимание на еден моден детал, што е многу применлив.
Ако сте изградени како оваа дива, веруваме дека сте желни да видите за што станува збор.

Кога подобро ќе ги погледнеме фотографиите, не можеме а да не забележиме дека таа го потенцираше својот струк во скоро секоја пригода. Па така, ременот беше нејзиниот омилен моден детал, кој го користеше за стилизирање фустани, но и панталони, палта, блејзери, па дури и костими за капење! Сосема е јасно дека таа знаеше како да го искористи за да ја истакне најубавата работа на сликата. Наместо да носи oversized облека, или оние со рамен крој, таа реши да го прифати споменатиот трик во нејзина корист. Како да не, кога имаше структура на песочен часовник, па можеше да го покаже тоа самоуверено.
На фотографиите што следат, погледнете ги комбинациите што ги издвоивме и уживајте во дневната доза на инспирација.








