Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Статусот на стилска икона го потврди и во Парис: Спектакуларното издание на актерката Зендаја за кое сите зборуваа…

Меѓу ревиите кои привлекоа најголемо внимание на модната недела во Париз беше онаа на модната куќа Valentino за пролет/лето 2023 година.

Помеѓу многуте познати гости, посебно се истакна една личност. Според магазинот Vogue, Парис ја “чекал” токму неа – актерката Зендаја.

Младата Зендаја, која веќе има статус на стилска икона, на ревијата пристигна во проѕирно кристализирано боди под кое се гледаа црни шорцеви. Зендаја носеше и предимензионирана црна светкава јакна, која како и остатокот од аутфитот беше украсена со препознатливото лого на модната куќа Valentino.

Под бодито се гледаа крем штикли со зашилен врв.

Актерката комбинацијата ја заокружи со ефектни висечки обетки, додека нејзината фризура, залижана коса со патец на страната што се спушташе по грбот на актерката, даде шмек на дрскост на целото издание.

Многумина го прогласија ова издание на 26-годишната девојка за едно од најдобрите модни изданија на сезоната.

Зендаја беше придружувана од нејзиниот долгогодишен стилист Ло Роуч и моделот Наоми Кембел.

Прочитај

____celebrity

Никол Кидман и Кит Урбан имале сериозни брачни тешкотии, но би се помириле доколку тој им го предложи тоа, тврди извор близок до актерката....

Green Tea

На многумина им е тешко да одолеат кога станува збор за консумирање шеќер, но овие знаци треба да бидат аларм за да престанете Прекумерното...

Green Tea

Црниот дроб е најголемиот внатрешен орган во нашето тело и игра клучна улога во одржувањето на здравјето. Тој извршува стотици важни функции, од филтрирање...

____celebrity

Според одредени американски медиуми, актерката Дајан Китон му оставила пет милиони долари на своето сакано куче по нејзината смрт. Добитничката на Оскар Дајан Китон...

Advertisement