Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Софија Вергара: Фустан кој одлично им прилега на дамите со тело во облик на песочен часовник

Софија Вергара секогаш носи парчиња облека кои ги истакнуваат нејзините женствени предности – без разлика дали избира фустан за црвениот тепих или лежерна секојдневна комбинација.

Колумбиската убавица го привлече вниманието во црвен вечерен фустан на европскиот бренд O’Blanc, зад кој стои поранешната балерина Олга Блан.

Горниот дел од фустанот е изработен како корсет, па особено им прилега на дамите со тело во облик на песочен часовник. Долниот дел од фустанот ја следи линијата на телото со раб под коленото, а украсен е со пердуви.

Овој модел на фустан се продава по цена од 825 евра, а достапен е во широк асортиман на големини – од XXS до XXXXL.

Софија Вергара сака да ги зачинува своите комбинации со пар чевли со вртоглава потпетица. Таа го направи тоа и овој пат и избра сребрени сандали со отворени прсти со едно прерамче.

Прочитај

Green Tea

Дали сте забележале слој маснотии на дното од вашите тави? Можеби сте се обиделе да ги триете или потопите во детергент долго време, но...

Green Tea

Грчкиот јогурт е популарен избор во здравата исхрана благодарение на неговата богата текстура, вкус и висока хранлива вредност. Со уникатен процес на подготовка, кој...

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

____celebrity

Британскиот принц Хари падна во депресија кога привремено се повлече од кралските должности во 2019 година, пред официјално да се повлече,во видео подкаст во...

Advertisement